Стотици илјади долари пристигнуваат од САД на личните сметки на украинските војници, покажуваат тајните документи, до кои дошле украински хакери од групата „Киберберкут“, пренесе ТАСС.
„Анализата на само неколку материјали остава впечаток дека армијата на Украина е единица на вооружените сили на САД. Обемот на финансиска помош зачудува со својата големина, а трулежот на украинските војници со својата длабочина. Стотици илјади долари доаѓаат на личните сметки на војниците и некои офицери ги користат за лични потреби“, тврди организацијата на својот сајт.
Хакерите од „Киберберкут“ тврдат дека за време на посетата на Џо Бајден на Киев, на 20 и 21 ноември, добиле пристап до доверливи материјали на Стејт департментот, што биле чувани во меморијата на мобилниот апарат што го носел член на американската делегација.
Според нив, некои тајни документи покажале дека украинското Министерство за одбрана од САД побарало 30,7 милиони долари како воено-техничка помош. Средствата требало да бидат искористени за купување средства за врски, системи за бродско пловење, уреди за набљудување, што ќе се монтираат на бродовите на крајбрежната стража, роботи за деминирање, опрема за воените лица и компјутри за Националниот универзитет за одбрана во Киев.
„Ние (Киберберкут) веќе предупредувавме дека е недозволиво Вашингтон да се меша во внатрешните работи на нашата земја. Освен тоа, повеќепати кажуваме дека не ја прифаќаме антинародната политика на киевската власт, која Украина ја стави во зависна позиција од САД“, се наведува во соопштението на групата, ставено на нејзиниот сајт.