Грчката државна гасна компанија ДЕПА ќе треба да му плати парична казна од над сто милиони евра на рускиот гигант Газпром, согласно клаузулата „земи или плати“ од спогодбата меѓу двете компании, откако намалувањето на потрошувачката во 2014 година оневозможи да бидат прифатени количините, договорени во март, пишува весникот „Катимерини“.
Претставници на ДЕПА преговарале со претставници на Газпром и грчката гасна компанија е подготвена да поднесе официјална молба количината гас, која не била потрошена оваа година да биде префрлена за следната.
Оваа опција е содржана во договорот, но руската страна не е должна да ја исполни.
Претставниците на ДЕПА се надеваат дека со почетокот на зимата ќе се зголеми потрошувачката на гас до крајот на годината.