Традиционалната награда „Прозни мајстори“ на издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ годинава ќе ја добијат писателите академик Божин Павловски, Иван Чаповски и Петре Димовски.
Наградата се доделува за најдобри прозни дела од македонски автори, а досегашни добитници, меѓу другите, се и: Ермис Лафазановски, Александар Прокопиев, Томислав Османли, Јован Павловски, Игор Исаковски, Блаже Миневски, Роберт Алаѓозовски, Трајче Кацаров, Горјан Петревски.