Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ја одликува Македонската филхармонија со „Орден за заслуги за Македонија“, по повод 70-годишнината од нејзиното формирање.
Македонската филхармонија се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“, за исклучителни резултати во седумдецениското работење како еден од стожерите на македонските културни вредности, особено преку презентирање и промовирање на македонското и светско творештво во областа на класичната симфониска музика, а со тоа и афирмација на културното живеење и културното наследство на Република Македонија во светот.