Сириски бегалци започна штрајк со глад пред грчкиот Парламент

Од:

Околу 150 сириски бегалци денеска започнаа штрајк со глад пред грчкиот Парламент, со барање Владата на Грција да им издаде дозволи за времен престој и да им обезбеди работа.

Штрајкот со глад претставува кулминација на секојдневните протести на сириските бегалци на атинскиот плоштад Синтагма, што започнаа минатата недела. Беглаците се жалат дека се принудени да плаќат високи наемнини за становите со мизерни услови во кои престојуваат илегално.

Штрајкувачите со глад најавија дека за време на штрајкот ќе конзумираат само шеќер.

Грција стана главен транзитен пункт за влез во ЕУ на имигранти и бегалци од Блсикиот Исток, кои со чамци и мали бродови се обидуваат да влезат во земјата од соседна Турција.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија