Ѓукановиќ: Неопходна е целосна посветеност на ЕУ на закрепнување на регионо

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска во Виена оцени дека за закрепнување на економијата на регионот е неопходна сериозна и целосна посветеност и помош од страна на Европската унија, преку креирање на инвестициска рамка и развој на инфраструктурата, кои ќе ги интегрираат земјите од Западен Балкан.

За време на панелот во рамки на главната сесија на Виенскиот економски форум, „Економијата е мотор – визии и одговорности во време на промени“, Ѓукановиќ нагласи дека иднината на земјите од Западен Балкан во голема мера зависи од одговорноста на ЕУ во спроведувањето на политиката кон регионот.

– ЕУ е наш партнер, со кој делиме одговорност за заедничката иднина на европскиот континент, наведе претседателот на Владата на Црна Гора, кој го смета за оправдано инсистирањето на владеењето на правото како клучен проблем на Западен Балкан и оти тука не смее да се спуштаат критериумите.

Ѓукановиќ додаде дека заостанувањето во тој процес не е автохтон производ на овој дел од Балканот, туку последица на повеќевековно економско заостанување.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД