Турската полиција употреби солзавец во паркот Гези врз членови на подмладокот на Народнорепубликанска паетија

Од:

Турската полиција вчера употреби солзавец во паркот Гези во Истанбул врз членови на подмладокот на опозициската Народнорепубликанска партија, кои сакале да дадат изјави за медиумите, објави „Хуриет дејли њуз“.

Членовите на младинскиот огранок на Народнорепубликанска партија, лидери на социјалдемократската и социјалистичката младина од странство, кои пристигнале за учество на средба во Истанбул, се собрале вчера крај паркот Гези, за да прочитаат соопштение за медиуми, но полицијата не ги пуштила да влезат во паркот.

Лидерот на младинската НРП Ирфан Инанч Јилдиз побарал дозвола од полицијата да даде изјава за медиуми во паркот заедно со млади лидери од САД, Палестина, Тунис, Израел и други земји, но барањето било отфрлено.

Откако групата се упатила кон паркот, полицијата употребила солзавец, за да ги растера.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ