Факултетите спречуваат одржување Студентски пленум

Од:

„Студентскиот пленум од Битола, на 17 ноември 2014, се обиде да одржи пленум за донесувањето одлуки поврзани со иницијативата за екстерно тестирање на студентите, во просториите на Технолошко-Техничкиот Факултет Велес – Дисперзирани студии Битола, по претходно поднесено писмено барање до факултетот. Без каков било формален одговор од страна на факултетот (просторијата ни беше одобрена усно), во обидот да го одржиме пленумот, на дрзок начин бевме спречени од страна на администрацијата, која ги заклучи вратите на факултетот. Сепак, тоа не нѐ спречи во нашата намера и пленумот се одржа на отворено.

Студентскиот пленум поднесе ново писмено барање до Технолошко-Техничкиот факултет – Велес, Дисперзирани студии – Битола и до Правниот факултет Кичево – Дисперзирани студии Битола, за одржување втор пленум, на 21 ноември 2014. И овој пат не добивме никаков формален одговор од факултетите, но неофицијално ни беше соопштено дека доколку добиеме одговор, тој секако, нема да содржи одобрување за одржување на пленумот во просториите на факултетите. Поради ова, студентите беа приморани и вториот пленум да го одржат на отворено, на паркингот до факултетот.

И покрај обидите на факултетите да го спречат пленумот, ние – студентите продолжуваме со работа, и ја информираме јавноста дека третиот пленум ќе се одржи на 26 ноември (среда), во 12 часот. Денеска доставивме барање до Техничкиот факултет – Битола, да ни дозволат пленумот да се одвива во некоја од просториите на факултетот. Доколку и на овој факултет не добиеме дозвола, пленумот ќе го одржиме на отворено.

Овој пат, и преку медиумите, би сакале да ги потсетиме одговорните на факултетите дека со тоа што го спречуваат одржувањето на студентскиот пленум во просториите на овие високообразовни институции, всушност постапуваат незаконски и го кршат членот 150 од Законот за високо образование, според кој: „Студентот има право да ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на универзитетот и неговите единици, односно на самостојната високообразовна установа“.

На крајот, решително порачуваме: „Ни одобрувале вие или не – ние ќе ги одржуваме пленумите, без разлика на притисоците“, соопштуваат од Студентскиот пленум.

 

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки