И Соња Тарчуловска вработена во Влада

Од:

Генералниот секретаријат на Владата се „подновува“ со нови кадри. Меѓу 20-те ново примени е и Соња Тарчуловска. Пејачката и сопруга на Јохан Тарчуловски, е избрана за самостоен референт во Владата.

Во одлуката потпишана од генералниот секретар Кирил Божиновски, Тарчуловска е избрана за самостоен референт за административно технички работи во Генералниот секретаријат на Владата. Семејството Тарчуловски ќе се вклопува во духот на владината програма за многудетно семејство.

Медиумите објавија дека Тарчуловски очекуваат трето дете. Освен Тарчуловска, во Генералниот секретаријат се вработуваат и самостоен референт за заштита и податоци, советник за оперативна подршка, соработници и виши соработници за административни работи, за анализа и подготвување податоци за годишната програма, заунапредување на консултативниот процес, за односи со јавноста.

dokument

Освен во генералниот секретаријат, секојдневно се објавуваат нови конкурси за вработување во министерствата, локалната самоуправа, државните институции. Ова се случува пред стапување во сила на Законот за административна служба од 15-ти февруари, кој предвидува тестирања за новите админситративци и поседување на посебни вештини.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски