Дали би платиле некој да ве гушка и гали? Можеби звучи како бизарна идеја, но за само недела дена дури 10 000 луѓе закажале третман за галење.
Саманта Хес (30) од Орегон дошла на идеја да заработи така што ќе продава прегратки.
Така кариерата на личен тренер минатата година ја заменила со професионален терапевт за галење во својата куќа, а овие денови отишла и чекор понатаму па отворила и прв салон за таа намена во светот.
Час третман во овој салон чини 60 долари, а иако делува како скапа инвестиција Саманта вели дека работата цвета.
– Работата полуде комплетно. За само недела дена добив дури 10 000 меилови, раскажува Саманта.