На сиднејската плажа Бонди се појави уште една голема бела ајкула

Од:

На капачите на сиднејската плажа Бонди денеска им беше забрането да пливаат затоа што во овие води била забележена уште една ајкула, само неколку часа откако од мрежата што ги штити капачите беше извадена голема бела ајкула.

Министерството за примарна индустрија на Нов Јужен Велс соопшти дека телото на ајкулата, кое било пронајдено на околу 500 метри од брегот, е втората голема бела ајкула која неделава е пронајдена во мрежите што се поставени за заштита на капачите, преносоа француските медиуми.

-Телото на мажјак на голема бела ајкула, со должина од околу 2,15 метра, утринава е извлечено од мрежа кај северниот крај на плажата Бонди. Во мрежата е пронајдена и жива ража со големина од 1,1 метар и таа успешно е вратена во вода изјави портпаролката на министерството.

На капачите, кои во водата бараа разладување од големата жештина, им беше наредено да излезат од водата, кога спасувачите од плажата Бонди ја здогледаа ајкулата во близина на плажата.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски