ЕК одобри над 2,5 милијарди евра помош за регионална соработка

Од:

Европската комисија денеска одобри над 2,5 милијарди евра помош преку нејзиниот сектор за регионална соработка, од што најголем бенефит ќе имаат Германија и Холандија, како и Велика Британија и конкретно регионот на Велс, јави дописникот на МИА од Брисел.

Корина Крецу, еврокомесар за регионална политика, објави превземање на важни чекори во распоредувањето на европските структурни и инвестициски фондови за буџетскиот периодот од 2014 до 2020 година. Со усвојувањето на Договорот за партнерство со Ирска, заклучен е кругот на преговори со сите земји-членки на ЕУ и договорите за партнерство со 28-те држави сега се усвоени и поставени се стратешките планови и инвестициските приоритети за регионалната политика ширум Европа за следната деценија.

Денеска, Комисијата ги усогласи трите главни програми, а тоа се: Прекугранична соработка во Европа (ИНТЕРРЕГ) во вредност од 444 милиони евра меѓу Германија и Холандија. Исто така, усогласена е и првата регионална оперативна програма во Велика Британија, за што е издвоен инвестициски пакет од 406 милиони евра, како и 1,8 милијарди евра за Велс.

Комесарката Крецу, денеска исто така, најави нов рок за поднесување на оперативните програми на земјите-членки, поставен за 24 ноември оваа година, како и создавање на нова единица во рамки на Генералниот директорат за регионална и урбана политика за помош на одредени земји-членки во нивната апсорпција на фондовите на ЕУ од последниот буџетски периодот пред крајот на 2015 година.

Оваа работната единица, исто така, ќе се треба да ги разгледа на подолг рок предизвиците со цел да се избегне бавно спроведување на новите програми за периодот 2014-2020.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска