Австралиски официјални лица соопштија дека на брод, кој сообраќал во водите на Индискиот океан е запленет хероин вреден 158 милиони долари.
Бродот на кој се наоѓале 388 килограми дрога бил пресретнат кај брегот на Источна Африка и тоа е една од најголемите заплени на овој вид наркотик, во регионот во изминатите години, пренесе „Ројтерс“.
Дрогата е конфискувана по разузнавачка соработка на повеќе држави во рамки на меѓународната Коалиција на поморските сили.
Инаку како што наведе „Ројтерс“, Источна Африка е клучна маршута за авганистанаскиот хероин наменет за Европа.
Е. Г.