Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска го распушти Долниот дом на јапонскиот Парламент, со цел вонредните избори да се оддржат на 14 декември, само две години откако тој се врати на власт.
Абе се надева дека со предвремените избори ќа ја зајкне својата позиција, пред евентуално влошување на неговиот рејтинг, кој во моментов според некои анкети е под 40 проценти, но сепак е стабилен за јапонските стандарди.
Датумот на предвремените избори, ќе биде одреден официјално денеска на владина седница.
Абе дојде на власт со ветување да ја заживе економијата, но сомнежите во ефикасноста на неговата политика се засилија, откако статистиката покажа дека земјата западна во рецесија.