Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси ги повика САД и Европа да и помогнат на либиската армија во борбата со исламистите и да ја спасат Либија, а не да чекаат да има потреба од интервенција како во Ирак и во Сирија.
Тој посочи дека конфликтот во Либија ќе го доведе во опасност целиот регион. Во Либија има две влади, два парламента. Законските власти се повлечени во Тобрук, додека тие што се поврзани со исламистите се во Триполи.
Тој наведе и дека Египет ја поддржува либиската армија, но оти се воздржува од директна интервенција. Египет сега ги обучува либиските војници на своја територија и споделува разузнавачки информации.
Египет тврди дека либидките бунтовници ја преминуваат границата и им помагаат на џихадистите од групата Ансар Бејт ал Макдис, кои ги напаѓаат египетските безбедносни сили на Синај.