Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска изјави дека Европа и САД, заедно со Украина, треба да ја принудат Русија да се придржува кон мировната спогодба за запирање на конфликтот со сепаратистите и притоа го обвини Кремљ дека Украина ја користи како „игралиште“, пренесоа британските медиуми.
-Активностите на Путин са закана за сите, за глобалниот поредок, за светскиот мир, директна закана за членките на ЕУ и НАТО. . . Наша заедничка задача треба да биде спречување на масовна војна, која Русија со намера се обидува да ја испровоцира, рече Јацењук на прес конференција во Киев.
„Путин си мисли дека Украина едноставно е поле за игра“, дополни тој.