Акција за чистење на општина Сарај

Од:

Градоначалниците на Град Скопје и на Општината Сарај, Коце Трајановски и Беким Мурати и директорите на јавните градски претпријатија денеска присуствуваа на акција за чистење и уредување на реонскиот парк во Сарај.

Јавните претпријатија на Градот Скопје, како што информира општинската прес-служба, овие три дена ќе работат на територијата на општина Сарај.

– Посетите на овие општини и средбите со претставниците од месните и урбаните заедници придонесоа за зголемување на ефикасноста на јавните претпријатија, но и во подобрувањето на соработката помеѓу општината Сарај од една, и Градот Скопје и јавните претпријатија од друга страна. Оваа соработка придонесе и за реализација на голем број проекти на територијата на општината, проекти кои со децении се одложуваа, рече Трајановски.

Како најважен проект ја издвои изградбата на новиот мост на реката Вардар меѓу општините Сарај и Ѓорче Петров. – Изминатиот период целосно ја реконструиравме и асфалтиравме и главната улица во село Крушопек, изграден е нов пат меѓу селата Копаница и Рашче, а поставено е и ново улично осветлување на патот од село Глумово до влезот на хидроцентралата „Матка“, додаде Трајановски.

Како дел од најголемите инфраструктурни проекти, кои ќе се реализираат на територијата на Сарај за 2015 година го најави реконструирањето и проширувањето на главната улица во Сарај.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан