Јапонската полиција пронајде цијанид во домот на 67-годишна Јапонка осомничена за труење на сопругот, откако починаа шест претходни нејзини партнери.
Чисако Какехи во изминатите две децении се стекнала со вкупно 800 милиони јени (6,8 милиони долари) од осигурување и имоти кои ги наследувала по смртта на своите седум партнери вклучувајќи го и последниот нејзин сопруг.
Какехи која медиумите веќе ја нарекоа „црна вдовица“ почнала да ги труе своите партнери од 1994 година кога на 54-годишна возраст година починал нејзиниот прв сопруг.