Јован Јованов како композитор поминаа со две композиции на третиот конкурс на кој се делат државни субвенции за поддршка на македонската музика. МРТ на својата веб страница ги објави наградените, а некои од имињата се истите кои добија државни пари и на претходниот конкурс. Во листата има и имиња кои се спомнуваа во истрагата за организирано гласање на последниот „Скопски фестивал“.
Јован Јованов е автор на музиката и на аранжманот на песната „За моето семејство“, со стихови на Ламбе Алабаковски и со која ќе се промовираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“.
Јован Јованов е автор и на песната „Земјо мила“ со која ќе се афирмира историјата на Македонија. Текстот за компизицијата е на Елвир Мекиќ кој се појавува и како изведувач на истата. Дополнително, на една од темите, како продуцент се јавува „План Б ентертејмент ДООЕЛ Скопје“, која е на менаџерот Kристијан Стефановски, со кого полицијата имаше информативен разговор во врска со „малверзациите“ на Скопски Фестивал.
Во категоријата „врвен изведувач“ дури три од шесте субвенции му се доделени на на Ристо Апостолов-Водолија. Другите три се доделени на Тамара Тодевска, Мики Јовановски Џафер и Ѓоко Таневски.
Три субвенции во иста категорија добила и Ана Пандевска како автор на текст на детски композиции. Сузана Спасовска и Елена Георгиева се избрани во категоријата со која се промовира историјата на Македонија, а Спасовска е добитник и на субвенција во категоријата за народна музика.
Во категоријата „ѕвезди“ се избрани Миле Кузмановски, Робертино Саздов и Адријан Гаџа.
Кузмановски и Саздов по втор добиваат по 4.500 евра.