Египетски обвинител побара смртна казна за соборениот исламистички претседател Мохамед Морси и други припадници на Муслиманско братство, обвинети за шпионажа.
Обвинителот Емад ел-Шарави на судскиот претрес зад затворени врати рече дека Морси додека бил на функција една година, со неговите соработници на странските разузнавачки служби им доставувал безбедносна документација.
Војската го собори Морси во јули минатата година по масовните протести во кои демонстрантите го обвинуваа него и Муслиманско братство за монополизација на власта.