Египќаните со своја „влада“ во Македонија

Од:

Сојузот на Египќани од Охрид, најави дека ќе формира „Египќанска Влада“ во земјава, која ќе биде подготвена да соработува со официјалната Влада на државава со цел да се надминат проблемите со кои се соочуваат Египѓаните во Македонија, пренесува порталот „Охридњус“.

„Египќанската Влада“,ќе има премиер и шест ресори, од кои три ќе се однесуваат на социо-економските прашања и проблематики, а оваа „влада“ големо внимание ќе обрне на секторот инвестиции, бидејќи, како што се наведува во соопштението, има многу Египќани од Македонија кои живеат во дијаспората, а сакаат да отворат свои бизниси во татковината.

Сите министри во оваа влада според соопштението ќе бидат со високо обрзонание.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски