Претставници на политичките партии со сугестии и идеи за работата на ДКСК

Од:

Претставници на политичките партии денеска имаа средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, во рамки на двегодишниот твининг проектот ИПА 2010 „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“.

Според Мирјана Димовска, проект-менаџер, денеска политичките партии дале поддршка за проектот и за предвидените содржини и изразиле отворена, како што рече, политичка волја да се спроведува ваков проект, и тоа во однос на постапување со имотната состојба, интересите, состојбите во судството, конфискацијата на имотот, корупцијата во пониските нивоа, воспоставувањето на институционалните капацитети на повисоко ниво на Република Македонија, подобрувањето во законите…

Таа информира дека биле дадени повеќе судестии од страна на претставниците на политичките партии. Во однос на јакнењето на институционалните-индивидуалните капацитети претставникот од ВМРО – ДПМНЕ истакнал дека партијата ги следи активностите и нивното развивање низ законодавните процеси. Од ДПА на средбата сугерирале на потребата од соработка со медиумите во борбата против корупцијата, додека претставникот од партијата ГРОМ укажал на состојбата во судството и на потребата од силни превентивни мерки, особено да се спречи судирот на интереси. Претседателката на ДОМ се заложила за повисок степен на одоговорност од страна на сите надлежни институции, како што се судството, полицијата и обвинителството. Претставникот на СДСМ укажал на статусот на ДКСК и на потребата од нејзината поголема отвореност, како и да се работи на планот на обуки на медиумите и поголема доверба пред граѓаните.

– Беше побарано поголеми финансиски средства државата да одвои од буџетот за политичките партии бидејќи се тврди дека со овој износ од 0,06 проценти од буџетот се мали средства кои ги принудуваат партиите да бараат дополнителни средства, често и на незаконски начин и тоа се смета за еден објективен извор на корупција, изјави Димовска.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата

Левица: Бараме казни за корупцијата, а не прикриени амнестии за функционерите

Захарова: Европски претставници беа дел од корупциските шеми во Украина

Горан Наумовски

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи