Кривична пријава против велешанец, се обидел да прегази полицајци

Од:

Гевгелиската полиција поднела кривична пријава против 34-годишен велешанец, осомничен дека со камион со лажни регистарски таблички, се обидел да прегази полицајци.

Според полицијата, велешанецот Е.Н. е осомничен за фалсификување личен документ и за напад врз службено лице при вршење работи во безбедноста.

Инцидентот се случил на почетокот на овој месец, кога на регионалниот пат Богданци – Валандово, осомничениот одбил да запре на знак на полициската екипа, која вршела контрола, и со камионот тргнал кон нив, со намера да ги прегази. Тој продолжил да се движи по земјен пат, а потоа го оставил товарното возило и побегнал.

Полицијата успеала да го пронајде осомничениот, а по извршената контрола, било утврдено дека на камионот велешанецот имал поставено регистарски таблички од патничко возило.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски