Ердоган: Турција нема да ја промени позицијата за учество во меѓународната коалиција против ИД

Од:

Турција нема да ја промени сегашната позиција за пристапување кон меѓународната коалиција против ИД, додека меѓународната заедница не се насочи и против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и не воспостави безбедносни зони и забрана за летови над територијата на Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува весникот „Хуриет дејли њуз“.

– Меѓународната заедница не ги презема мерките, што ги препорачуваме. Има само некои сигнали и можности. Позицијата на Турција ќе продолжи да биде иста, се додека нашите препораки не бидат исполнети, изјави Ердоган пред да замине во посета на Алжир.

Турција бара предводената од САД меѓународна коалиција против џихадистите на организацијата Исламска држава да има за цел и соборување на режимот на Башар ал Асад и преземање на воени мерки за исполнување на таа цел. Создавање на безбедносни зони во Сирија и забрана за летови над територијата на Сирија, исто така се дел од условите, што Турција ги постави за активно вклучување во коалицијата.

Вашингтон, бара отворање на некои турски воени бази за воздушната кампања на коалицијата, но засега единствен договор меѓу Турција и САД е за обука на умерени групи на сириската опозиција.

Американска воена делегација минатата недела беше во дводневна посета на Анкара за деталите околу мисијата за обука и опремување на сириски бунтовници, но според Ердоган има нејаснотии по прашањето кога тоа ќе може да почне. Ова ќе биде една од темите на разговор, кога американскиот генерал во резерва Џон Ален, одговорен за коориднација на мисијата против џихадистите од ИД, ќе се сретне денеска со турски воени претставници во Анкара.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ