Народен правобранител: Правата на децата не се почитуваат доволно

Од:

Децата се уште не се перцепираат доволно како субјекти и носители на права и обврски, а разочарува и фактот што на нивното мислење, размислување или проблеми за определено право или прашање кое ги засега им се придава многу помалку значење, заклучи заменик народниот правобранител одговорен за детските права Васка Бајрамовска – Мустафа.

На денешната средба со децата правобранители од Тетово, Гостивар и Куманово со што се одбележува Светскиот ден за превенција на злоупотреба и насилство кон децата таа испрати апел да им се даде можност на децата секој ден да го чуствуваат како нивен, исполнет со безгрижност во делот на остварувањата на правата.

– Денешниот ден за превенција на злоупотреба и насилство кон децата, уште еднаш повтрдува и укажува дека сите ние како народни правобранители и органите што одлучуваат за правата на децата треба сериозно да пристапат кон децата, да изготват стратегии и практично да ги имплементираат за да може да се превенира секаков вид насилство или злоупотреба на децата. За жал сведоци сме дека уште постои насилството и злоупотребата врз децата, а тоа го гледаме и во училиштата, воспитно поправните установи, во установите за згрижување на децата и во семејствата, изјави Бајрамова – Мустафа.

Елена Тасевска дете правобрнаител од гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово смета дека децата треба да бидат запознаени со нивните права. Во нивното училиште, посочи дека најчесто се соочуваат со проблеми со професорите.

– Најчесто на децата им е прекршено некое право од страна на професорите, како на пример навреда или намалување оценки без одредена причина. Ние се трудиме тоа да го санкционираме, бидејќи тоа е наша должност како деца правобранители, рече Тазоска изразувајќи подготвеност да им помогнат на учениците за остварување на нивните права.

Децата правобранители имаа можност да се запознаат со функцијата и одговорноста на Народниот правобранител, нивните права, како да се заштитат при повреда, злоупотреба на интегритетот и развој.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он