Бугарски министри во потрага по финансиска поддршка во Брисел

Од:

Неколкумина министри од Владата на Бугарија престојуваат во Брисел во потрага по финансикса поддршка, соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов пред денешната редовна седница на неговиот владин Кабинет.

Како што јави БТА, Борисов изјави дека „пет до шест министри ќе направат се што е можно да го спасат она што не може да се спаси“.

– Брисел работи по правила, но ние ќе молиме. Нема плати за културата, буџетот е на нула, нема плати за Министерството за внатрешни работи, изјави Борисов.

Според него, министрите ќе им објаснат на европските претставници во каква состојба е Бугарија.

– Ако (ЕУ претставниците) манифестираат топлина и хуманост кон Бугарија како и досега , тогаш (министрите) ќе успеат, нагласи Борисов.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална