Полицијата во Виена го евакуирала трговскиот центар „Милениум Сити“, бидејќи еден човек го грабнал сопственото дете и се заканувал дека се ќе крене во воздух.
Припадниците на специјалните единици, како и екипите за деминирање по краток разговор со човекот, успеале да го ослободат детето, а потоа и да го наговорат осомничениот да се предаде.
Како што се наведува во полициското соопштение детето останало неповредено, а полицијата успеала да го фати напаѓачот.
Инаку во тек е претрага во трговскиот центар, бидејќи постои сомнеж дека напаѓачот кој моментално е во притвор, да поставил експлозивни направи.
Е. Г.