Некогаш министер, денес библиотекар во затвор

Од:

Поранешниот министер за внатрешни работи на Австрија, Ернст Штрасер, кој што ја отслужува тригодишната затворска казна поради примање мито во виенскиот затвор Симеринг, ја извршува должноста затворски библиотекар.

Директорот на затворот Јозеф Шмол објасни дека во установата има околу 20.000 книги, кои може да им се позајмат на 460 затвореници.

Штрасер заедно со пет други затвореници е задолжен за заем и враќање на книгите. Имено, затворениците мораат по писмен пат да побараат книга, а Штрасер ќе ја обработи нарачката и ќе ја издаде книгата. Исто така мора да ги провери книгите, во случај да се оштетани, при враќање.

zatvorenik

На поранешниот министер за внатрешни работи во средина на октомври Високиот суд му изрече затворска казана за „Афера на лобирање“. Судиите одлучија дека тој примил мито, за време на извршување на должноста пратеник во Европскиот парламент.

Двајца британски новинари, кои што лажно се претставиле како лобисти, побарале од него да влијае на донесување на закон во Европскиот парламент за годишен хонорар во висина од 100.000 евра.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник