Тетовската полиција синоќа привела 4 лица за два одвоени случаи

Од:

Вкупно четири лица привела тетовската полиција откако изминатата ноќ во два одвоени случаи околу 4 часот по полноќ кај нив биле пронајдени предмети за кои од полицијата се сомневаат дека потекнуваат од провални кражи во аптека, дуќан и училиште, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во првиот случај полицијата реагирала откако околу 3 часот и 30 минути биле пријавени провални кражби во аптека и трговски дуќан во Тетово.

– Преземајќи активности за откривање на крадците половина час потоа на улица „Ленин“ бил забележан тетовецот Ј.А.(23) кој веднаш почнал да бега, но полициските службеници на СВР Тетово успеале брзо да го стигнат и да го приведат. Подоцна е приведен и Р.Х.(24), кој исто така учествувал во двете провални кражби. Кај нив пронајдени се извесна количина таблети, ваучери, мобилен телефон, цигари и друго за кои постои сомнение дека потекнуваат од овие кражби. Двајцата се задржани и се работи на расчистување на кражбите, појасни Јосифовски.

Јосифовски посочи дека во исто време полицијата привела други две лица А.Љ.(23) и Љ.С.(20) откако при контрола на возилото „Голф“ со тетовски таблици во кое биле двајцата извршена на улицата „Маршал Тито“, во непосредна близина на зелениот пазар во Тетово пронашле 5 мини лаптопови и 1 радикасетофон, за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршена кражба, најверојатно во училиште.

– Двајцата се приведени и задржани во Полициската станица Тетово а возилото и пронајдените предмети со потврда се одземени. Се работи на расветлување на сите поединости околу случајот по што ќе следуваат соодветни поднесоци, најави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он