Милевски: Зошто одделението за нуклеарна медицина во Битола е оставено без реагенси?

Од:

ЛДП пред четири дена го обелодени скандалот со немањето реагенси на нуклеарна медицина во Клиничката болница во Битола. Укажавме дека е загрозено здравјето на многу пациенти од целиот регион поради неможноста да се извршуваат навремени прегледи. Како и секогаш пристигна демант дека манипулираме и дека тие се безгрешни, вели Горан Милевски, потпретседател на ЛДП.

Им требаа два дена да се соземат, да најдат виновник и да излезат на прес со кој потврдуваат дека нашите информации се точни, дека реагенси нема, но дека за тоа биле виновни докторите кои вршеле многу прегледи.

Почитуван директоре, наместо да ги казнувате вредните доктори кои што совесно работеле, Вие треба самиот да се казните бидејќи сте извршиле лоша проценка на годишните потреби на реагенси во Клиничката болница. Треба да се самоказни и министерот затоа што ве назначил Вас за директор. Треба да си заминете од функцијата затоа што се обидовте да ја сокриете вистината и вината за лошата состојба во битолското здравство да ја префрлите на докторите.

Преку проектот Мој термин, докторите се принудени да прегледуваат и по 20 пациенти на ден а до колку не го исполнат бараниот учинок ќе добијат намалена плата и казна. И наместо да ги наградите оние кои најповеќе работеле вие повторно им се заканувате со казни затоа што со нивната зголемена работа ви ги потрошиле реагенсите.

Се прашуваме зошто сте го оставиле одделението како што кажувате од шести месец без реагенси. Зошто не сте извршиле интервентна набавка на нови реагенси овој период. Што чекавте Директоре? Навистина скандалозно и недозволиво однесување, вели Милевски.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ