Чавушоглу: Можно е Турција да се соочи со нов бран бегалци од Сирија

Од:

Турција може да се соочи со бегалски бран од два до три милиони Сиријци, ако силите на претседателот Башар ал Асад или сириските бунтовници се придвижат кон Алепо, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

Воени авиони на САД бомбардираат позиции на групата Исламска држава во Сирија, но армијата на Асад ги интензивира акциите против некои бунтовнички групу во западниот и северниот дел на земјата, кои за Вашингтон се сојузници, вклучително и групите околу Алепо.

– Во моментот кој ја пополнува празнината оставена од ИД, која е резултат на воздушните напади на коалицијата? Тоа е режимот, посочи Чавушоглу, додавајќи дека нема голема разлика меѓу ИД и режимот, кои извршуваат свирепи убиства, првенствено на цивили.

Бунтовниците и владините сили имаат заземено делови од Алепо, најнаселениот сириски град пред војната. ИД зазеде територија северно од Алепо и се заканува дека ќе ја прекине маршрутата за достава до бунтовниците.

Турција ја поддржува Слободна сириска армија, која обединува десетици вооружени групи, кои се борат против ИД и против силите на Асад.

Во Турција веќе има над 1,5 милиони сириски бегалци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ