Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска пред раководството на својата Либерално-демократска партија изјави дека го одложува новото зголемување на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за 2017 година.
Освен тоа, Абе планира и одржување на парламентарни избори следниот месец, со цел да добие поддршка од граѓаните за неговата стратегија против рецесијата.
Јапонскиот премиер, кој се очекува во текот на денот да одржи прес-конференција, ја даде својата изјава на вонредна средба на неговата партија, откако вчера беше објавено дека Јапонија повторно влегува во рецесија.