Противникот на американската воена база стана гувернер на Окинава

Од:

Судбината на спорната американска воена база, која е планирана да биде префрлена во јапонската префектура Окинава, стана неизвезна откако на изборите за гувернер на областа победи кандидат кој се противи на тој план.

Сите медиуми по затворањето на гласачките места дадоа најголеми шанси за победа на Такеши Онаге, поранешен градоначалник на Наха, главен град на Окинава. Пред изборите, истражувањето на јавното мнение даваше само блага предност на Онаге, во однос на поранешниот гувернер на Окинава, Хириказуа Накаима.

Накаима го поддржувал префрлувањето на големата база на американската морнарица Футенма од густо населениот град на југот на островот. Американската воена база моментално зазема 38 отсто од градот. Онага, кој рече дека неговата позиција е антиамериканска, прашањето за иднината на оваа база го стави во главен фокус на својата политичка платформа.

– Не смееме да дозволиме изградба на нова база. Да покажеме дека граѓаните на префектурата Окинава нема да се двоумат, дури и ако гувернерот и некои други политичари се двоумат… – рече Онага во саботата, на последниот говор пред изборите.

Зошто целиот товар би бил на наш грб?

Ова беа петти избори за гувернер откако јапонската и американската влада се одлучија да ја преместат базата во декември во 1996 година. Планот за преместување на Футенма јасно доминираше на овие избори.

Онага се залага за префрлување на базата надвор од Окинава, барајќи од другите делови на Јапонија да дадат свој придонес во зачувувањето на безбедносниот сојуз меѓу Јапонија и Соединетите Американски Држави.

Исто така, бара островот да не биде дом на нови МВ-22 Оспреји, идни авиони кои локалното население ги гледа како опасност. – Окинава доволно страдаше. Зошто мораме уште да страдаме? – изјави Онага пред изборите.

Минатиот декември, Накаима даде зелено светло за префрлување на базата во Нога, град на северот на островот. Како дел од префрлувањето, го одобри барањето на централната влада кон крајот на 2013 година за враќање на сопственоста над делот од морето во заливот Хеноко, што предизвика протест на тие кои се против преместувањето.

Потегот беше проследен со медиумски извештај дека јапонскиот премиер Шинзо Абе ветил 348 милијарди јени (околу 3 милијарди долари) финансиска помош на Окинава, која има најголема стапка на сиромаштија во Јапонија.

– Сакам да порачам на владата на Јапонија и владата на САД дека желбите на граѓаните кои живеат тука се разликуваат од административните потези од декември минатата година – рече Онага кој е одлучен да ја укине одлуката за одобрување на планот и подготовките кои веќе се во тек.

Национална географија

 

Би можело да ве интересира

Ослободена е невината жена која поминала 43 години во затвор во САД

Горан Наумовски

Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

(ВИДЕО) Избегната трагедија во забавниот парк Оукс: Се расипа „нишалото“, посетители висеа на 30 метри висина

Смит: И се заблагодарувам на Македонија за одвојувањето на два проценти од БДП за одбраната

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

САД: Четири лица се повредени кога мал авион паднал во двор на куќа во Денвер