Украина: Франција е доволно креативна да најде начин да не ги достави бродовите „Мистрал“ на Русија

Од:

Франција е доволно инвентивна да најде начин да не ги испорача воените бродови „Мистрал“ на Русија, и да најде нивни нови купувачи, изјави украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин.

Несогласувањето на Киев со испораката на два воени брода, договорено меѓу Франција и Русија во 2011 година е сосема јасно, истакна тој.

„Мистрал“ не може и не треба да бидат испорачани на Русија, како од политичка гледна точка, така и според етичкиот кодекс на ЕУ, истакна Климкин, алудирајќи на европските санкции со кои се забранува извоз на оружје за Русија.

– Сметам дека француските власти, со својот секогаш ангажиран и креативен начин, треба да најдат решение „Мистрал“ бродовите да се достават на други, за гарантирање на безбедноста наместо за нејзино поткопување. Сигурен сум дека француските пријатели ќе најдат решение, изјави украинскиот министер.

Двата брода „Мистрал“ беа продадени од Франција на Русија за 1,2 милијарди евра во јуни 2011 година за време на претседателот Никола Саркози.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион