Келин: Ситуацијата во Украина се влошува поради потезите на Киев

Од:

Ситуацијата во Украина се влошува поради потезите на Киев, а локалните милиции реагираат само за да ја осигураат својата безбедност, рече денеска постојаниот претставник на Русија во Организацијата за безбедност и соработка (ОБСЕ) Андреј Келин.

Коментирајќи ги извештаите за наводното преместување на воена опрема на територија која ја контролираат силите на Доњецк и Луганск, рускиот дипломат потсети дека тоа прашање веќе со недели е во фокусот на постојаниот совет на ОБСЕ.

– Тоа ги наведува нашите партнери на заклучокот дека ситуацијата се влошува, но ним повеќе им се допаѓа да не гледаат дека влошувањето на ситуацијата ја предизвикуваат потези на Киев. Локалните милиции само рагираат на она што се случува и се подготвуваат да ги бранат своите позиции, рече Келин.

Рускиот претставник оцени и дека киевската економска блокада на Доњецк и Луганск е „чекор наназад од политичкиот процес во Украина“.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион