Говорот на омраза на Шешељ внесува страв меѓу луѓето

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ му напиша писмо на претседателот на Хашкиот суд Теодор Мерон, по повод пуштањето на привремена слобода на лидерот на српските радикали Воислав Шешељ, јави Танјуг.

Тој го предупреди на можноста на јакнење на неговата политичка активност и опасноста дека „неговиот говор на омраза може да го наруши мирот и стабилноста во Југоисточна Европа“.

Тој истакна оти во писмото не ја преиспитувал правната втемеленост на одлуката на Хашкиот суд на времена слобода од хуманитарни причини да го пушти Шешељ.

Јосиповиќ наведува дека „предолгото водење на постапката, како што е во случајот на Шешељ, но и на Милошевиќ, резултира со губење на доверба на граѓаните во меѓународното судство“.

Шефот на хрватската држава истакна и дека „Шешељ организира политички собири и следен од медиумите тој и се потсмева на меѓународната правда и на жртвите“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ