Студентскиот марш го преплави „Фејсбук“

Од:

Билјана Ванковска: „Денес беше собрано најдоброто и најумното од Универзитетот! Оние кои не се плашат од испити и кои се одлични студенти! Ако некој мисли дека е ова само за уште еден-два испита, ништо не разбрал од суштината на студентското движење. АЛЕЛУЈА, ПОСТОИ“

Нина Атанасова Шкрињарик: „Сите на МАРШИРАЊЕ!!! Студентите кои го следат изборниот предмет Митопоетика се ослободени од настава“

Ида Протуѓер: „Среќа „реформиве“ не ги затупавеле студентите“

Златко Ориѓански: „Не верувајте, не верувајте на коментарите дека младината вака требала да излезе за некаква си одбрана на Македонија. Против кого? За Кого? Македонија е ограбена земја,Македонија е искршена на милион парчиња.Единството,фрлањето во канта на измислените за манипулација ,,големи национални прашања,ке значи наш пат кон Слобода, правда и еднаквост за СИТЕ“

Цветин Чилиманов: „Не знам детали од планот, но во принцип екстерното се прави за студентите – да не можат проф. да лупаат оценки од ракав, за мито, секс…“

Љупчо Златев: „Вака, ова е порака до сите студенти кои денес искрено ќе излезат да протестираат против екстерното тестирање, затоа што овој протест е горе-доле разбирлив. Ако видете активисти на СДСМ или пак СОРОСОвите организации кои сакаат да ви го украдат протестот, свиркајте по нив и бркајте ги. Истите тие успеаја во обидот да ги украдат протестите за убиството на Мартин Нешковски, инаку на почеток искрено иницирани. Истите тие ќе пробаат да си го придобијат и овој независен студентски протест и веќе се наѕираат нивните планови“

Стефан Богоев: „Со оглед на фактот дека денес излегоа повеќе студенти на протест отколку што излегоа да го гласаат Кирил Спироски за претседател на студентите, под итно да си поднесе оставка од функцијата и да ги остави студентите сами да си изберат вистински студентски лидер“

Ивон Величковски: „Сепак има Академски граѓани. Со големо А. Поефикасни од политиката со мало п“

Влатко Васиљ: „Обединетите стоиме, поделени паѓаме“

Ина Многуфина: „Која река е најдолга во МК? Студентската!“

Игор Узунов: „Искрено денеска ми се врати вербата гледајќи ги сликите од маршот на студентите и поддршката што ја добиваат од повеќе страни! Денеска сум горд што овие млади луѓе се мои сонародници“

Амон Мра: „Досега, неколку часови по протестот на студентите за кои успеа да известидури и српкиот јавен сервис РТС, ни буква за него во провладините медиуми. Туку, после очекуваиот медиумски демократски мрак и молк секако го чекам со нетрпение контрапротестот на задоволните студенти“. /Мета

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад