Две лица загинаа во сообраќајната несреќа на патот Штип-Радовиш

Од:

Во штипската Клиничка болница почина и возачот на возилото марка „Форд“ со радовишки регистерски таблички, кој се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа, која се случи изутрината на регионалниот пат Штип-Радовиш, кај месноста викана Шести километар во близина на Затворот-Штип.

Портпаролот на Клиничка болница, Марина Шуманска потврди дека лицето донесено во тешка здравствена состојба починало на Одделението за интензивна нега во Клиничката болница.

На лице место загина совозачот во возилото. Надлежните по извршениот увид ќе информираат кои се причините за сообраќајната несреќа. Според првичните информации, возилото излетало од коловозот и директно удрило во дрво.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје