Путин: Украина има иднина само доколку се федерализира

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност дека Украина ќе има иднина само доколку стане федерална држава, јави ТАСС.

– Украина е сложена земја не само по етничкиот состав, туку и според процесот на создавање во сегашната нејзина форма, истакна Путин во интервју за германската телевизија А-Ер-Де.

Путин им предложи на западните држави да работат заедно за постигнување на единствен политички простор во источна Украина. – Можеме да се движиме во таа насока, но само заедно, нагласи Путин.

Тој призна дека по прашањето за остварување на безбедноста, мерките на лидерите на Русија и Германија не секогаш се совпаѓаат.

– Јасно е сепак дека Москва и Берлин сакаат ситуацијата да биде регулирана, дека се стремиме спогодбата од Минск да биде исполенат, рече Путин.

– Изминатите десет до 15 години беше поставена добра основа за развој на односите меѓу Русија и Германија и ќе биде жално доколку таа биде загубена, рече претседателот.

Според Путин, договореното од Минск не се исполнува целосно и има одредени проблеми, поврзани со тоа дека и двете страни во конфликтот не оставаат дел од населените места, согласно постигната спогодба.

Путин вети дека нема да им дозволи на украинските власти да ги уништат сите свои политички противници.

Според негом проширувањето на НАТО и неговото приближување до границите на Русија суштински го изменило геополитичкиот простор, а бројот на базите во тој регион расте.

– Дали руски бази се распоредени во целиот свет? Не, базите на НАТО, американски бази се распоредени во целиот свет, вклучувајќи ги и тие на нашите граници, рече рускиот претседател.

Путин ја означи како неадекватна реакцијата на Западот во однос приклучувањето на Крим, нагласувајќи дека Москва дејствувата според преседанот за Косово.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион