Порошенко: Украина се подготвува за општа војна

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека и покрај тоа што државата сака мирно решение на кризата, сепак се подготвува за „општа војна“.

Тој во интервју за германски „Билд“ рече дека „Украина спроведува се што предвидува мировниот договор и дека е подготвена за компромис и смета дека судирот не може да се реши со воени средства, но дека за разлика од нив Русија го прави спротивното.

-Ние не сакаме војна, сакаме мир и се бориме за европските вредности. Но Русија не почитува никаков договор. Јас не стравувам од руските сили и се подготвуваме за општа војна – рече Порошенко и додаде дека нивните воени сили сега се во подобра состојба, бидејќи имаат поддршка од целиот свет.

Инаку Киев пред нешто повеќе од една недела соопшти дека во источна Украина масовно влегуваат тенкови и руски трупи, а оваа информација ја потврди и НАТО.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион