Португалскиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

Од:

Португалскиот министер за внатрешни работи Мигел Маседу поднесе оставка по избивање на корупциски скандал во земјата.

Тој синоќа изјави дека поднесува оставка откако минатата недела беа уапсени неколку високи функционери, меѓу кои и шефот на португалските имиграциски служби, кои се под контрола на Министерството за внатрешни работи.

Апсењата се извршени по полициска истрага на дозволите за престој за богати инвеститори од земји кои не се членки на ЕУ. Португалија предлага т.н. „златни визи“ за неевропски граѓани, кои инвестираат големи суми во земјата. Според полицијата, 11 лица се обвинети за корупција, перење пари, трговија со влијание и злоупотреби.

Маседу, кој беше на чело на полициските и имиграциските служби, истакна дека не учествувал во никакви незаконски игри, но го загубил својот политички авторитет поради општественото незадоволство.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија