Шеесет долари за едночасовно гушкање

Од:

Ако сте осамени и сте под стрес или ако нешто ве боли, понекогаш може да ви помогне и само прегратка. Знаејќи го тоа, една жена од американската сојузна држава Индијана, започнала бизнис во кој на клиентите има наплатува сеанса на прегратки.

Лиса Кели од местото Кармел, ја регистрирала фирмата „Инди Куделес“, која нуди 30 минутно гушкање за само 35 долари, едночасовно за 60 и 90-минутно за 90 долари.

Таа доаѓа во ќуќата на клиентите и ги прегрнува лежејќи во различни релаксирачки пози.

Критичарите велат дека Кели е на чекор до проституција, но сепак признаваат дека нејзините сеанси не се од сексуална природа, како и дека клиентите ги почитуваат нејзините правила.

– Во сето тоа нема ништо сексуално. Ако е некој осамен и се наоѓа во стресна состаојба од кои било причини, ова е вистинско нешто за него, вели таа.

Кели инсистита нејзините клиенти, како и таа, да бидат чисти и со измиени заби и во чиста облека.

Поради безбедност, таа на друга личности им јавува каде ќе се сретне со клиентот, за да можат на време да реагираат, доколку дојде до некој непредвидена ситуација.

Исто така, таа има обичај пред сеансата да се сретне со клиентот.

– Многу често во животот сме премногу зафатени, но тоа не би требало да значи да ги прекинеме контактите со други луѓе и допирите, пишува на нејзиниот сајт. – Човечкиот допир ни носи утеха, како и ментална и емотвна благосостојба, смета Кели.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ