Романскиот премиер и социјалдемократ Виктор Понта го призна поразот на претседателските избори од својот противник од десницата Клаус Јоханис, пренесе АФП.
– Му честитам на г-дин Јоханис за победата. Народот е секогаш во право – рече Понта кој на изборите важеше за фаворит за нов шеф на државата.
Според изјавите на Понта, тој нема да даде оставка и ќе остане на премиерската функција до изборите во 2016.
Клаус Јоханис е припадник на германското малцинство и досегашен градоначалник на Сибиу.