Шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандез Дијаз предупреди денеска на постоењето на реална опасност кампањата на каталонската Влада за независност да прерасне во насилство.
– Процесот ваков каков што е по самата своја природа генерира радикализам. А секој радикализам сам по себе е негативен. Поради тоа негирање можноста оваа радикализација, во комбинација со фрустраците да се претвори во насилство не е опција што треба да се исклучи, изјави Дијаз.
Тој итакна дека опасноста од насилство е реална и дека поради тоа Владата треба да биде внимателна.
Претседателот на каталонската Влада Артур Мас вети дека ќе го забрза процесот на отцепување на Каталонија од Шпанија.
На симболичниот референдум минатата недела излегоа 1,86 од 5,4 милиони Каталонци постари од 16 години и мнозинството од нив го поддржаа отцепувањето.