Почна операцијата за собирање на остатоците на урнатиот „Боинг“ во Украина

Од:

Операцијата за собирање на остатоците од патничкиот авион „Боинг“, кој се урна во јули покрај Доњецк, почна денеска во селото Храбове, јави ТАСС.

Денешната операција е извршена под надзор на претставници на холандските власти и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Собраните остатоци ќе бидат натоварени и пренеси до источниот украински град Харков, кој е под контрола на Владата во Киев.

Остатоците треба да бидат пренесени во Холандија, каде ќе бидат подложени на истрага од локалните органи.

Истрагата за причините за несреќата се води во Харков и Холандија.

Во уривањето на „Боинг 777“, кој сообраќаше на реалација Амстердам – Куала Лумпур, што се случи на 17 јули, загинаа сите 298 патници. Авионот се урна во зона, која е под контрола на украинските бунтовници. Украина и САД ги обвинија бунтовниците, поддржани од Русија дека го собориле авионот со ракета земја-воздух.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион