Блокирани сметките на 60.000 фирми во Србија

Од:

На околу 60.000 фирми во Србија им се блокирани сметките поради 147,4 милијарди динари (1,3 милијарди евра) долг и тоа без пресметана камата, што е една петтина од сите официјално регистриринаи стопанственици, пишува денеска весникот „Новости“.

Оваа лоша слика ја надополнува и податокот за проблематичните кредити на приватниот и јавниот сектор, кои достигнале 224,5 милијарди динари (две милијарди евра).

Весникот објави дека 2.754 претпријатија моментално се во стечај, додека на подобра судбина се наведаат 54.648 работници од 172 претпријатија кои се реструктуираат.

Од почетокот на годинава, според податоците на Агенцијата за стопански регистри, основани се 5.804 нови претпријатија, додека регистрирани се уште 19.783 претприемачи.

Би можело да ве интересира

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието

ВИДЕО: Студентите брутално претепаа човек во Нови Сад

Предраг Петровиќ

Прва жртва од невремето во Србија

Горан Наумовски