Путин прв го напушти самитот на Г-20

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово замина од Австралија, веднаш по завршувањето на самитот на Г-20, на кој беше изложен на критики од Западот поради Украина, истакнувајќи дека заминал нешто порано отколку што било планирано, затоа што му било потребни да се наспие.

Рускиот лидер отпатува за Русија пред објавувањето на завршното соопштение од самитот, но присуствуваше на завршниот ручек и ги поздрави „конструктивните разговори“, пренесе Танјуг.

Претходно, руски претставник изјави оти Путин планира да го прескокне работниот дел на самитот и да го напушти порано Бризбејн, откако се најде под притисок поради Украина, но подоцна тоа е демантирано од Кремљ.

Путин во изјава за руски медиуми рекол дека одлуката прв да го напушти Бризбејн, нема врска со тензиите на самитот околу Украина, туку со тоа што сакал да се наспие за да биде подготвен за следниот работен ден во Москва, кој е преполн со настани.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски