Запленет 1,2 килограми хероин на ГП Богородица

Од:

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на 1,2 килограми хероин скриен во тетрапак пакувања за сок.

Како што соопшти Царинската управа на Република Македонија, вчера околу 4 часот, на влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица се пријави автобус со македонски регистарки ознаки кој сообраќал на релација Истанбул-Гостивар. При детален преглед извршен од страна на царинските службеници во внатрешниот дел од автобусот, над две од седиштата пронајдена е една најлонска ќеса во која биле ставени два овошни сока во тетрапак пакување. Но намсето сок, во тетрапак пакувањата се пронајдени две пакетчиња наполнети со опојна дрога – хероин, облепени со селотејп трака, со вкупна тежина од околу 1200 грама.

Бидејќи ниту еден од патниците во автобусот не се пријавил дека пронајдената кќеса е негова, случајот е предаден на Оддлението за истраги при Царинската управа, кои во координација со Основното јавно обвинителство – Велес го презедоа случајот. Од преземените предистражни активности е утврдено дека како осомичено лице се јавува 22-годишниот Н.В., македонски државјанин, патник во автобусот.

Утврдено е дека пријавениот го набавил хероинот во Турција и требало да го пренесе и предаде на Н.Н. лице од Македонија. Како организатори на шверцот со хероин се јавуваат лица од Македонија и Турција, а пријавениот бил само пренесувач на дрогата. По насоки добиени од организаторот, пријавениот пред неколку дена отпатувал за Истанбул каде се сретнал со турски државјанин кој претходно го подготвил и го скрил хероинот во амбалажа од двата овошни сока.

Цената на хероинот со оваа чистота, на нарко пазарот би достигнала околу  30.000 евра.

Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а истрагата против сите инволвирани лица продолжува.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан

Најсмртоносна операција против дрога во Бразил: Уште еден полицаец загина

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски