Австрија: Осуден полицаец повторно работи во полиција

Од:

Педесетгодишен австријски полицаец и покрај тоа што е осуден на четири месеци затвор, бидејќи под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа, повторно работи во полиција.

Тој минатата година е осуден на затворска казна, бидејќи во алкохолизирана состојба предизвикал сообраќајна несреќа, во која е повредено еден млад човек.

Полицаецот кој што изјавил дека има сериозни приватни проблеми , не е одалечен од службата туку му е овозможено да работи со електронска нараквица.

-Дозволено му е да се занимава само со административни работи и нема право да биде во контакт со приведени лица, ниту со други граѓани, а одземено му е и правото да носи униформа и да поседува пиштол – рече портпаролот на полицијата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник