Српските криминалци редовно чуваат видео снимки од сексот со познатите манекенки и пејачки,објавуваат српските медиуми.
Најпознато видео е она во кое позната русокоса пејачка се дружи со членовите на земунскиот клан, веднаш покрај маса полна со кокаин, пренесува српски „Пулс“. Глумицата во аматерското секс-видео е Наташа Беквалац, а нејзината снимка не е единствената која завршила во туѓи раце.
Порно филмовите на многу познати личносто од српската сцена стигнале до полицијата и се погледнати при полициските истраги, наведува „Пулс“.
Видеото на пејачката, било запленето во 2003-та, во полициската акција „Сабја“. Како режисер на снимките се наведува еден од челниците на Земунскиот клан.
Уште десетина снимки од аматерски порно филмови со пејачки и манекенки, се пронајдени во мобилните телефони на уапсените криминалци од Земунскиот клан и нивните сега веќе ликвидирани водачи.
Од полицијата објаснуваат дека во текот на претресот и акциите кон криминалците, полицијата секогаш детално ги проверува нивните мобилни телфони. Секс-видеа и интимни фотографии има многу често. Појаснуваат дека снимките се користат во судските рочишта само доколку во нив има докази за криминална активност, како дрога, оружје или доверливи разговори.
И покрај тоа, многу познати личности сега стравуваат дека во било кој момент овие снимки може да се најдат во јавноста.